Тетовски “црвено – црни“ едноставно не знаат за доста во овој летен преоден рок. Уште едно големо, навистина големо засилување во нападот на Шкендија. Она што го најавивме пред два дена, вечерва и се оствари а тоа е дека тетовци и официјално се засилија со напаѓачот од Бразил, Вагнер Гонзалвес.
Има 26 години, а покрај другите клубови играл и за Дњипро и Дила Гори. „Спортмедиа“ завчера објави дека Грузијците барале 100.000 евра за отштета, но за колку е договорен трансферот тоа знаат само двата клуба.
„Возбуден сум што ќе играм за Шкендија. Како што слушнав Шкендија сега има силен тим и јасно е дека мене ми е драго што и јас сум дел од него. Се надевам дека сите заедно ќе постигнеме успеси со кои ќе ги радуваме нашите фанови“ рече Вагнер на промоцијата.