Усман Дембеле по се изгледа има само една опција: Да го продолжи договорот со Барселона со намалување на платата за 40%.
Според весникот „АС“, Французинот добил од Барселона понуда за договор до 2024 година со намалување на платата за 40 отсто, идентична како онаа на Ансу Фати. Барселона се сомнева дека Дембеле пред неколку месеци договорил трансфер со ПСЖ и бил подготвен да се пресели во францускиот клуб како слободен фудбалер. Поради големите промени во раководството на ПСЖ, ситуацијата со Дембеле е непроменета и тој засега нема ниту една отворена понуда, освен оваа на Барселона.
25-годишниот фудбалер минатата сезона забележа 32 настапи за Барселона, постигнувајќи 2 гола.