Академија Пандев со реакција: Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?

2054

Академија Пандев на својата официјална страница излезе со реакција, откако Беласица и официјално објави дека ќе дојде до фузија меѓу двата тима. Од таборот на тимот велат дека се фокусирани на квалификациските европски мечеви.

„Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?
Академија Пандев за точно четири денови по втор пат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клубски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар.
ФК Академија Пандев АД Струмица“, стои во објавата на Академија Пандев.
ПретходноХаланд во Реал Мадрид!? Ама во јуни 2024!!!
СледноДарио Ивановски со нов личен рекорд на МИ