Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски продолжува да ги урива поставените лични рекорди. На трката на 5.000 метри заврши на осмото место во конкуренција на 14 учесници на Медитеранските Игри во Алжир.
Ивановски постави време од 13:54.58, што е за две секунди подобро од неговиот личен рекорд, поточно македонски рекорд.