Натпреварот меѓу Србија и Белгија во рамките на последното квалификациско коло за место во втората фаза за СП 2023 година ќе се доигра утре. Во салата „Чаир“ во Ниш по нецели три минути игра откажаа голем дел од рефлекторите.
Првично мечот беше прекинат, домаќинот се обиде да го реши проблемот, се чинеше дека се многу близу, но по точно еден час судиите донесоа дуелот да се доигра утре со почеток во 19 часот. Резултатот е 3-6 за Белгија.