Левиот бек на Феенорд денеска ќе ги комплетира лекарските прегледи во Манчестер Ј.

167

Дефанзивецот на холандски Феенорд, Тајрел Маласија, ќе биде ново засилување во дефанзивата на Манчестер Јунајтед. Според најновите информации, 22-годишниот репрезентативец на Холандија го поминал првиот дел од лекарските прегледи во англискиот клуб, а денеска ќе биде комплетиран и останатиот дел од лекарските прегледи, по што ќе биде потпишан и договорот за трансфер.

Претходно стана јасно дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Маласија за 15 милиони евра, плус 2 милиони во форма на бонуси и ќе потпише договор на 4 + 1 година.

ПретходноЃоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон!
СледноПјуник и официјално го престави Марјан Радески