Хотелите се распродадени: СП во Катар во шатори во кои едно ноќевање ќе чини 400 евра! (ФОТО)

300

Светското фудбалско првенство во Катар 2022 е на повидок и земјата домаќин ги презема последните чекори за да го направи овој настан вистинска иновација.

Несомнено, иновација е самиот факт што за првпат ќе се игра Светско првенство во периодот ноември-декември. Но, во моментов еден од главните проблеми останува сместувањето на навивачите кои планираат да прусиствуваат во живо за време на натпреварите.

ФИФА откри „град“ кој планира да угости навивачи, но во него сместувачките капацитети не се хотели. Станува збор за шаторско кампување во Ал Хор, но не обично, бидејќи резервацијата на кревет во ова место ќе чини околу 350 фунти за ноќ.

Во Катар, хотелските резервации се ограничени бидејќи има огромна побарувачка и се очекува Ал Хор да биде најевтината форма на сместување за сите фанови.

Катарците не поставуваат едноставни шатори. Шаторите се пространи, имаат клима уред, сопствена бања и апарати за правење чај и кафе. Покрај тоа, тука е луксузот на ТВ, фен, фрижидер, сеф, па дури и Wi-Fi, услови кои се нудат во типична хотелска соба.

Ал Хор е оддалечен само 40 минути од главниот град Доха и ќе биде домаќин на 9 натпревари вклучувајќи го и полуфиналето на Светското првенство.

ФИФА го опиша сместувањето како уникатно искуство кое ќе им овозможи на навивачите да се поврзат со катарската култура.

ПретходноБајиќ пред Украина: Имаме обврска да дадеме се од себе!
СледноУкраина вечерва без Пустовиј и Лукашов на дуелот со Македонија