Тимот на Барселона со оглед на фактот дека е во финсиска криза, мора да изнаоѓа начин како со поефтина „варијанта“ да се засилува периодов. Па така, мора да се потпре на привлекување на фудбалери кои немаат актуелен договор со клуб, и на тој начин без обештетување да ги доведат на Ноу Камп.
Летово тоа им успева со досегашниот играч на Милан, Френк Кеси, како и со Андреас Кристенсен, стоперот на Челзи. Кристенсен потпиша договор до 2026 година.