Драган Бајиќ имаше што да каже после дуелот со Украина, последен во квалификациите за пласман на СП 2023 година. Предводникот на нашиот национален тим, го немаше составот кој му беше ветен пред да потпише за оваа функција, во текот на квалификациите Македонија ниту еднаш не беше комплетна.
Вели дека не бега од одговорноста, дури и најави дека ќе си оди ако тој е вистинскиот проблем во македонската кошарка.
„Ако мисли некој дека јас сум најголемиот проблем во македонската кошарка, тогаш за секунда се решава тоа, ама мислам дека сум.
Што се однесува до договорот со федерацијата, од утре ќе седнеме и ќе разговараме. Јас немам никакви забелешки кон никого, стварно се чувствуваме пријатно. Имав и тешка операција можев да го оставам тимот, а не го сторив тоа. Како што кажав не сум човек што се крие и бега од обврските“, изјави Бајиќ.
Што се однесува до играта се надева дека публиката овој пат беше задоволна. Верува во момците, жал му е што никогаш не биле комплетни.
„Се надевам дека публиката е задоволна барем од односот на играчите. Многу голем број поени примивме во прва четвртина. Не бевме доволно агресивни, тие имаат паметни играчи кои ги казнуваа нашите грешки. На полувреме им сугерирав на момците да веруваат со себе и дека мечот не е завршен. Се доближивме на четири разлика, но имавме некои утнати зицери и слободни фрлања. Му дадов шанса на младиот Јакимовски да презема одговорност, да видам како реагира во такви моменти. Најголема жал ми е што ниту еднаш не бевме комплетни и што не видовме која е вистинската сила на македонската репрезентација. Не е добро за националниот тим то некои играчи имаа поголема минутажа во репрезентација, отколку во клубовите“, рече селекторот Бајиќ