Македонскиот шампион Шкупи вечерва го одработи последниот тренинг пред пресметката со Линколн Ред Импс во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан за утре од 20 часот и 45 минути на арената „Тоше Проески“ во Скопје. Чаирчани се спремни да изборат добар резултат и со тоа да си ја олеснат задачата пред реваншот во Гибралтар.