Од Тотенхем и Премиерлигата, сега ќе биде тренер во Саудиска Арабија

291

Едно од најинтересните тренерски имиња во Премиерлигата пред само неколку сезони, Португалецот Нуњо Еспирито Санто, реши да ја прифати понудата на саудискиот клуб Ал-Итихад и да го предводи тимот во новата сезона.

Веста ја потврдија од клубот. Португалскиот стратег е без работа откако беше отпуштен од Тотенхем на почетокот на ноември минатата година, па сега предизвик најде во Саудиска Арабија.

Ал-Итихад минатата сезона ја заврши на второто место во саудиска Премиерлига, а со доаѓањето на Санто ќе се обиде да дојде до шампионската титула.

Интересно е што трансферот е со посредство на македонскиот менаџер Шкумбин Ќормемети, кој живее и работи во Виена, Австрија.

ПретходноАмериканец со НБА искуство треба да биде новиот натурализиран Македонец
СледноШпанците натурализираа Американец со кој ќе играат на Евробаскетот 2022