Навивачи не му простија на Ериксен за предавството

906

Една година по срцевиот удар, долгиот процес на рехабилитација и неизвесност дали ќе игра или не, Ериксен од Брентфорд направи трансфер во Манчестер Јунајтед со тоа што ќе потпише тригодишен договор со „црвените ѓаволи“. Меѓутоа многу навивачи не можат да му простат на Данецот за овој потег.

Најголем белег во Премиер лигата остави во Тотенхем, па навивачи на овој клуб од северен Лондон објавија видео снимка од палење на дресот на Ериксен со бројот 23 кој го носеше во редовите на „Спарс“. Тие му се лути на Данецот што је се вратил на „Вајт Харт Лејн“ туку одлучил да оди во Манчестер. Тие го сметаат овој потег за предавство.

Од друга страна за предавник го сметаат и навивачите на Брентфорд. Причината е што Ериксен не останал во нивните редови. Имено, Брентфорд му даде шанса на Данецот да игра во една од најсилните лиги во светот кога никој друг не сакаше да го направи тоа. А тој одигра одлична сезона, но реши да не ја продолжи соработката туку да го напушти клубот.
Затоа бројни навивачи го прозваа на социјалните мрежи.

ПретходноФијаско на мак-клубовите ќе значи и губење на едно место во евро-куповите!
СледноДејан Бодирога ќе биде нов претседател на Евролига