Жалбата на тетовци усвоена…намалена казната на Шкендија за инцидентите со Шкупи!

793

Добра вест за сите во таборот на Шкендија. Имено Комисијата за молби и жалби на ФФМ, а ова ни ги потврдија од таборот на тетовскиот клуб, ја усвои жалбата на Шкендија за намалување на казната која беше изречена после инцидентите на мечот со Шкупи во меч од ПМФЛ одигран на 8 мај под Шара.

Имено првично тетовци беа санкционирани со 4 натпреваи да играат надвор од Тетово и со 5.000 евра, сега откако жалбата е усвоена, казната е намалена и таа изнесува Шкендија да одигра два натпревари надвор, и тоа 100 км, од Тетово а паричната казна останува на сила.

Ова значи дека Шкендија во претстојната сезона 2022/23 првите два меча како домаќи ќеги одигра 100км надвор од Тетово.

ПретходноБакрачески и Фазлиу за посилна Победа!
СледноМаестралниот победнички поен на Калин – сервираше под нога! (видео)