Кристоф Галтие седна на кормилото на Пари Сен Жермен. Она што беше најавено и претходно сега е и официјално. Утринава Маурицио Покетино е разрешен од тренерската функција, а на негово место е назначен Галтие кој е поранешен тренер на Лил.
На прес-конференцијата тој кажа дека се замислував еден ден како тренер на ПСЖ.
„Роден сум во Марсеј, меѓутоа ПСЖ отсекогаш бил клубот кој се издвојувал. Тоа е клуб од главниот град, клуб кој во моментов, според мене, е најдоброто од францускиот фудбал“, изјави меѓу другото Галтие кој потпиша до 2024 година.
Jaсно е големото ривалство помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ во Франција, но за Галтие немаше место за сентименталност.
„Нема подобро место за работа од ПСЖ во моментов. Ако сакаш да освојуваш трофеи тогаш доаѓаш тука. Кога го имавме првиот контакт, веднаш го ставив на страна моето потекло кое е од Марсеј“.
🚨 Galtier: “I am the coach of PSG. I was born in Marseille, it’s a fact. I do a job of passion, we are looking for the best place to win. There is no better place than PSG. When there was the first contact, I put aside my Marseille origins.”
— PSGactuality (@PGactuality) July 5, 2022