По долгото, па и предолгото патување, од Струмица до Тирана со автобус, потоа со авион до Варшава и одново со авион до Гдањск (Полска), конечно експедицијата на Академија Пандев пристигна на посакуватана дестинација, во градот Гдањск. Град во кој утревечер од 20:15 часот, ќе ја одиграат првата средба од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, реваншот се игра следниот четврток во Скопје на теренот на ФФМ.
Иако патот беше долг, по фотографиите од Гдањск, се гледа дека играчите на нашиот евро претставник се добро расположени и подготвени да го дадат својот максимум против силниот состав на Лехија, тим од Полска.