Досегашниот играч на тимот на Милан, Френк Кеси и официјално е нов член на тимот на Барселона.
Денеска каталонскиот тим одржа официјална негова презентација, на која секако присуствуваше првиот човек на клубот, претседателот Лапорта.
Кеси доаѓа на Ноу Камп бесплатно, што секако дека е битен момент со оглед на финансиската криза која го тресе овој гигант.