До битката за финале, Кирјос се намачи во сите три сета. Првиот не го отвори добро, Гарин направи брејк за 3-1, но австралискиот тенисер одговори со два брејка за 6-4.
По 6-3 во вториот сет, во следниот со водеше вистинска битка, мораше да се игра тај-брејк, Кирјос со 7-5 се избори за полуфинале, каде за противник го чека подобриот меѓу Рафаел Надал и Тејлор Фриц.