Часови го делат Челзи од потпис на договор со Рахим Стерлинг

115

Челзи, по се изгледа, го комплетираше трансферот на крилниот напаѓач Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Според „Индипендент“, „сините“ ќе платат 45 милиони фунти за Англичанецот. Уште 10 милиони „граѓаните“ ќе можат да добијат како бонуси. Во овие денови лондонскиот клуб ги средува детали од трансферот, пред истиот и официјално да биде потврден.

27-годишниот фудбалер е целосно задоволен од предложените услови. Се очекува Рахим да тргне со Челзи и на претсезонска турнеја низ САД.

ПретходноНадал го доби маратонот со Фриц и се избори за полуфинале на Вимблдон
СледноВардар ги почна подготовките за новата сезона