Стојчев: Лехија е силна екипа, меѓутоа се е можно во фудбалот

259

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев утре ќе и гостува на Легија во првиот натпревар од воведното коло во „најмладото“ европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига. Тренерот Ѓорѓе Стојчев вели дека Лехија е огромен фаворит но и дека во фудбалот секогаш се случувале чуда, па затоа тој и неговата екипа има право да се надева на триумф.

Ова е само втор пат да играме во европски натпреварувања. Ова е големо достигнување за нас. Ние сме мал клуб од една мала земја и благодарение на ваквите натпревари можеме да се промовираме себеси, но и нашиот фудбал. Ја анализиравме Легија, тие имаат многу квалитет, многу многу добри играчи. Полската лига е силна и многу играчи од нашиот тим со задоволство би играле таму.

А во фудбалот се е можно, ќе дадеме се од себе. Имаме млад тим, многу играчи до 21 година. За нив тоа е и одлична можност да се покажат. Ако сакаме добар резултат мораме да одиграме перфектно“, вели Стојчев.

Натпреварот Лехија – Академија Пандев ќе почне во 20:15 часот, реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

ПретходноБускетс ја напушта Барса, клубот го пикирал неговиот наследник
СледноМонца го донесе репрезентативецот Песина, го сака и Џеко