Полувреме: Убедлива Шкендија, Шаља и Нафиу за 2:0!

402

Заврши првото полувреме од мечот меѓу Шкендија и Арарат и тоа водство на тетовци од 2:0. Се играше 21.минута кога по одличното проигрување меѓу Нафиу и Дориев, овој вториот ја уфрли топката пред голот на ерменците, а таму најдобро се снајде Шаља кој ја затресе мрежата за водство од 1:0.

Но тоа не беше се од Шкендија. Во 45. минута Дориев пак во улога на асистентм а Нафиу со прекрасен гол зголеми на 2:0. Треба да се каже дека во 25,.минута Захов одбрани зицер.

ПретходноПрекин во Гдањск: Жестоки тепачки на трибините, фудбалерите на Академија Пандев и Лехија во соблекувалните (ФОТО)
СледноМечот во Гдањск продолжи: Навивачите го демолираа стадионот (ФОТО)