Патрик Валчак го замени Вардар со Спортинг

209

Полскиот ракометар Патрик Валчак, сепак го напушти Вардар. Откако стана јасно дека актуелниот македонски првак нема да игра во Лигата на Шампиони, пивотменот одлучи да побара нова средина и од следната сезона ќе го носи дресот на Спортинг.

Валчак во редовите на „црвено – црните“ дојде во 2020 година, а минатата сезона нешто поголема минутажа. Неговото заминување го најави и првиот човек Михајло Михајловски кој на официјалната прес конференција пред десетина дена најави дека нема да го задржат, доколку самиот не сака остане.

ПретходноНема шега со Тен Хаг: Алкохолот забранет, за доцнење на тренинг следува исфрлање од тимот…
СледноКристијан Николовски го засили Вардар