Шахтјор ќе ја тужи ФИФА и ќе бара отштета од 50 милиони евра!

554

Раководството на Шахтјор Доњецк ќе бара околу 50 милиони евра отштета од ФИФА поради правилото што светската фудбалска куќа го донесе пред неколку месеци, а се однесува за странците кои играат во Украина. Шахтјор се чувствува оштетен со тоа што ФИФА им дозволи на странските фудбалери да ги раскинат договорите со украинските клубови и како слободни да се преселат во други клубови. Причината е војната меѓу Украина и Русија што допринесе и прекин на локалниот фудбалски шампионат.

Од Шахтјор велат дека тоа правило (одлука) ги заштитува фудбалерите, меѓутоа не ги заштити и правата на фудбалските клубови. Од Шахтјор, но и другите украински клубови, се лути што ФИФА не им дозволи на клубовите да се обидат да ги продадат фудбалерите или барем да ги позајмат отколку вака, со правилото на ФИФА, тие си заминаа како слободни.

Шахтјор спрема тужба за ФИФА, а според информациите од Украина и другите украински клубови ќе го следат чекорот на шампионот.

ПретходноТенисерките го победија и Косово и ќе играат финале со Португалија!
СледноЛацио даде 10 милиони за поранешен младински италијански репрезентативец