Ване Јованов е деветто ново име во Каменица Саса

511

ФК Каменица Саса денеска и официјално престави уште едно засилување за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во редовите на „рударите“ доаѓа Ване Јованов, кој треба да биде исклучително засилување на позицијата десен бек.

Јованов кој минатата полусезона ја помина во Вардар, претходно неколку сезони го носеше дресот на Академија Пандев. Тој е деветтото ново име во „зелено-црниот“ дрес на Каменица Саса.

ПретходноСпиркоски си замина од Шкупи
СледноГол до појас се фати на оро: Како Јокиќ го прослави историскиот договор со Денвер (ВИДЕО)