Самир Хандановиќ и Интер си дадоа рака за нова едногодишна соработка

177

Интер и Самир Хандановиќ ќе продолжат заедно, барем до следниот јуни 2023 година. Денеска од таборот на „нероаѕурите“ соопштија дека Интер постигнал договор за продолжување на соработката со искусниот 37-годишен голман.

„Пред десет години пристигнав во врвен клуб и се уште сум во врвен клуб. Многу сум среќен и горд што сум капитен и играч на Интер. За мене тоа е привилегија што продолжува. Оние кои играат за Интер секогаш имаат голема желба за победа, бидејќи историјата на овој клуб не учи дека тука играме за титули. Во овие десет години многу се подобривме, мораме да направиме се што можеме за да го подигнеме овој амблем сè повисоко и повисоко“, изјавил Хандановиќ.

ПретходноСлавниот фудбалер поради девојката ја смени верата, а таа го обвинува за силување!
СледноСуперкуп: Пехарот за Динамо по пенал – серијата…и Шкупи имаше што да види!