Костадинов ја запроси својата Моника на концерт на „Coldplay“ (ВИДЕО)

4378

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов на теренот е бескомпромисен борец, една од движечките сили на нашата репрезентација, но во приватниот живот, кој добро го познава Тихо знае дека тој е скромно и мирно момче. Стрпливо ја чекаше својата шанса на теренот уште од мали нозе, и ја дочека. Успеа, направи екстра трансфер во Полска, стана стандарден репрезентативец. Чекаше и дочека и вистинска шанса за да ја запроси својата долгогодишна девојка Моника за сопруга, и тоа на најспектакуларен начин. На концерт на светски познатиот бенд „Coldplay“, и тоа за време на еден од најголемите хитови. Му посакуваме на Тихо најпрво потполно да се опорави од повредата на коленото, а со оглед на фактот како професионално „клекна“ за да ја запроси Моника сигурни сме дека тој наскоро потполно ќе се опорави и ќе се врати на терените.

ПретходноУрива рекорди: “Лавот“ Адеми го освои 21-от трофеј со Динамо Загреб!
СледноОтпадна турнирот, кошаркарите нема да патуваат за Литванија!