Урива рекорди: “Лавот“ Адеми го освои 21-от трофеј со Динамо Загреб!

523

Ново славје, нова титула за Аријан Адеми со својот Динамо Загреб и тоа против Хајдук. “Лавот“ Адеми ги поместува границите на невозможното, имено вечерва тој на “Максимир“ го освои својот 21 трофеј во својата кариера во дресот на Динамо Загреб откако е во тој клуб во изминатите 11-12 години. И без овој трофеј беше најтрофејниот во историјата на клубот, сега само ја зголемува својата богата колекцција.

Нашиот репрезентативец едноставно не знае за доста, ова му е негова четврта титула во Суперкупот, а има и 11 пехари во првенството и шест во Купот на Хрватска.

Достигнување кое тешко дека некој во блиска иднина ќе го достигне, ова се бројки кои се граничат со нешто фантастичн.

Браво Аријан. Нашиот репрезентативец поради повреда мораше во финишот на мечот да го напушти теренот, па капитенската лекнта ја доби голманот Ливаковиќ кој беше брилјантент во пенал – серијата, па Адеми како голем спорстмен му “дозволи“ на Ливаковиќ да го прими пехарот.

Да кажеме дека ова е прв Суперкуп за Динамо и за Стефан Ристовски кој вечерва не доби шанса да настапи на мечот со Хајдук.

Претходно„Ле Паризиен“: ПСЖ на трансфер листа стави дури 11 фудбалери
СледноКостадинов ја запроси својата Моника на концерт на „Coldplay“ (ВИДЕО)