ЛК: Украинци и судат на Шкендија, Италијанецот Чифи на “Пандевци“…

276

Во четврток (14 јули) закажани се реванш мечевите од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Шкендија во Ереван, на гостувањето кај Арарат ќе патува со два гола предност. Добар резултат но уште ништо не е готово. Овој меч се игра на национачаниот стадион во Ереван со почеток од 17 часот.

Главен судија ќе биде Олексеј Деревенски од Украина, а помошници ќе бидат неговите сонародници Семен Шлончак, Андриј Скрупка и Јевгениј Арановски.

Академија Пандев пак ја дочекува Лејоха Гдањск и тоа на ФФМ во Скопје, и овој натпревар ќе започне во 17 часот. Познато е дека на првиот меч струмичани загубија со 1:4.

Главен судија на реваншот ќе биде Даниеле Чифи од Италија, а него ќе му помагаат Џовани Бачини, Филипо Берчигли и Џовани Ајролди.

Претходно„Лавовите“ на контролата во Банско одиграа 1:1 со Политехника Јаши!
СледноФото на денот: Ѓоковиќ, Ѓоковиќ…по седми пат со пехарот на Вимблдон!