Њукасл два пати го договори, а тој одбива затоа што сака да игра за ПСЖ

455

Младиот напаѓач на Ремс Иго Екитике минатата сезона беше најдобар стрелец во екипата со 10 гола во 24 натпревари во Лига 1. Има само 20 години и веќе го привлече вниманието на неколку клубови.

Зимоска Њукасл се обиде да го донесе напаѓачот кој е висок 190 сантиметри. Ремс ја прифатил понудата од 25 милиони евра, но Иго одбил затоа што одлучил да ја доигра сезоната во Ремс во Лига 1.

Ова лето Њукасл излезе со уште една, подобрена понуда. Според „Фут Меркато“, клубовите се договориле за 36 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси. Но трансферот повторно го блокира фудбалерот затоа што сака понуда од топ клуб – поточно од Пари Сен Жермен и да игра заедно со Килијан Мбапе.

Од парискиот клуб се заинтересирани за младиот фудбалер но имаат доволно напаѓачи, а и не сакаат да ја изедначат сумата на Њукасл за да го ангажираат Иго за да седи на клупата.
А младиот фудбалер е спремен да остане во Ремс уште една сезона, а потоа ако ПСЖ се уште е заинтересиран тогаш да биде комплетиран трансферот.
Инаку овој 20-годишен напаѓач има играно во странство, полусезона играше како позајмен во дански Вејле

ПретходноДефинитивно треба да добие награда за промашување на векот (видео)
СледноЛацио си купи нов прв голман, а бара и резервен