Финалистот на Вимблдон, „лошото момче“, како што го нарекуваат Ник Кирјос, повторно ги прекрши правилата на турнирот. Кога Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, му ја врачи наградата, тенисерот излезе да ја прими со црвена бејзбол капа на главата.
Според правилата на Вимблдон кои траат уште од деветнаесеттиот век, сите учесници на Вимблдон мора да бидат облечени во бело. Обичајот е создаден пред се од естетски причини. Со оглед на тоа што во времето кога почнувал турнирот дамките од пот се сметале за несоодветни на облеката, било одлучено да се користи облека во бела боја за да се минимизира нивната видливост. Но, иако правилото беше воведено пред повеќе од сто години, тоа сè уште се почитува и денес, со исклучоци како овој последен испад на Кирјос.
Медиумите по речиси секој натпревар наоѓаат причина да му укажат на неговото неспортско однесување, откако веќе во четвртфиналниот меч против Гарин во третиот сет, навивачите почнаа погласно да го бодрат неговиот противник, па кога тоа не му се допадна, почна саркастично да им аплаудира. Подоцна тој у се пожали на судијата дека „на трибините има гледач кој вреска како пијан идиот“.