Кристијано Роналдо и сагата околу него

204

Дека е еден од најдобрите фудбалери, сеуште, во светот тоа е ноторен факт, дека има фантастичен менаџер и тоа е факт, па затоа нека не се грижат фановите на Кристијано Роналдо. Имено Португалецот и во наредната сезона ќе игра во голем клуб и ќе атакува по нови трофеи.

Се она што се случува деновиве околу него наликува на вистинска сага. Дали ќе остане во Јунајтед, или пак ќе се пресели во Баерн Минхен, Челзи, ПСЖ, Рома, Наполи или некој друг клуб медиумите во Европа речиси секојдневно известуваат, па и по неколку пати на ден.

Најново е тоа дека се е готово со Челзи, дека личните услови се договорени, дека Мендеш и Боли се договориле а дека Тухел на прашањето дали ќе дојде Роналдо имал спремен одговор-јас знам, но не можам да ви одговорам на тоа прашање.

Од друга страна Ерик тен Хаг вели дека Роналдо е играч на Манчестер Јунајтед и дека мора да го одработи договорот.

Сагата продолжува…

ПретходноНова афера за местење тениски натпревари: „Местачите“ се играчи од ТОП 50 на АТП листата!
СледноКога не внимава што зборува: Халанд ЛАЖГОТО… (ВИДЕО)