Македонија ЃП одвои само 60 билети за фановите на ЦСКА Софија за мечот во Скопје!!!

497

Веројатно така и треба, ако се знае со колкав капацитет располага стадионот на ФФМ. Имено како што јавуваат медиумите во Бугарија, раководството на Македонија ЃП испратило допис до ЦСКА Софија дека за мечот во Скопје меѓу овие два клуба во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, може да им обезбеди само 60 билети.

Тоа е така со оглед на фактот дека капацитет на трибините е 1.152 а домашниот тим треба да обезбеди најмалку 5% од капацитетот на стадионот.

Натпреварот се игра на 21 јули со почеток од 17:30 часот, а билетите ќе чинат по 300 денари и ќе бидат пуштени во онлајн продажба во текот на утрешниот ден.

ПретходноНеверојатно: Го “бркаше“ Пеп по улиците на Манчестер за да направи селфи! (ВИДЕО)
СледноФановите на Јунајтед во шок: „Киксерот“ Мегваер останува капитен!