Нема веќе дилеми. Гостивар во следната сезона во единствената ВМФЛ ќе биде главен кандидат за првото место и пласман во елитата.Имено покрај големиот број квалитетни засилувања што гостиварци ги донесоа ова лето, од денеска нивни член е и Благоја Спиркоски, играчот за врска кој само две недели беше фудбалер на Шкупи, а во минатата сезона играше за Силекс.
Претходно Спиркоски беше член на Пелистер, Македонија ЃП, Победа, 11 Октомври, Еуромилк, Хоризонт Турново.
Нема што, Гостивар доби квалитетен играч за врска, со него овој тим ќе биде уште посилен.