Брдаровски: Мора да бидеме мудри, Шкупи оди по позитивен резултат!

193

 

Владица Брдаровски, десниот офанзивен бек на Шкупи има одиграно многу европски натпревари. Знае и тоа како што треба да се стори за да се оди во следната фаза. Брдаровски,кој е еден од клучните играчи на составот на Гоце Седлоски,пред денешниот реванш со Линколн (18 часот) за „Спортмедиа“ истакнува.

„Имаме добра предност од првиот меч. Тие 3:0 за нас од Скопје и тоа како се убав `капитал` со кој влегуваме на овој денешен меч со Линколн. Сепак уште ништо не е готово, има да се одиграат 90.минути во кои ние како Шкупи мора по секоја цена да обезбедиме резултат кој ќе не однесе во следната фаза. Мора да бидеме мудри, мора во целост да ги исполниме задачите на стратегот Гоце Седлоски, мора да одиграме максимално сериозно. Нема да се браниме,сакаме и во реваншот да дојдеме до добар резултат, значи Шкупи и денеска ќе оди на позитивен резултат“ истакнува Брдаровски.

May be an image of 4 people and outdoors

Многу добро се знае дека се биде како што треба денеска, тогаш во таа втора квалификациска рунда Шкупи ќе се сретне до Динамо Загреб.

“Верувајте искрено засега не размислуваме за Динамо. Сега во мислите ни е само Линколн и како тоа ќе одиграме ние,како тоа ќе го одиграме овој реванш. Немаме проблеми со составот, освен суспендираниот Маргвелашвили сите ќе бидат во комбинација. Да кажам дека играме со сериозен тим, нема да биде лесно, но Шкупи има квалитет во себе да прикаже уште една добра партија и да се пласира во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите“ заврши искусниот бек на чаирчани.

ПретходноЈувентус ја одби понуда на Баерн од 60 милиони евра за Де Лихт
СледноВејн Руни стана тренер на клуб од МЛС