Хаос во Баерн поради Левандовски, соиграчите целосно збунети!

1118

Роберт Левандовски и покрај желбата да го напушти Баерн Минхен, сепак се појави на подготовките за новата сезона. Полскиот напаѓач е под договор со баварскиот гигант, па не може да си дозволи да ги прескокне тренинзите, до моментот на заминување одлучи да им се приклучи на соиграчите.

Во Минхен пристигнал сам бидејќи во последно време тој и неговото семејство добивале смртни закани.

„Билд“ денеска пишува дека ги минал лекарските преглди и почнал да тренира, иако неговата желба е Барселона. Истиот извор тврди дека тој целосно ги збунил соиграчите, едноставно не знаат како да се однесуваат кон него. Па засега атмосферата не е добра, се чувствува напнатост.

Последните информации велат дека тој ќе замине во Барселона кога раководството на клубот ќе го реализира трансферот на Де Лихт од Јувентус, кој треба да дојде за 90 милиони евра што е клупски рекорд.

ПретходноУспешно реализиран проектот „Училишен фудбал за девојчиња“
СледноОфицијален состав: Седлоски со двајца нови стартери, но затоа тука се Адетунџи и Данфа во нападот