На нешто повеќе од еден час пред почетокот на мечот со Линколн, реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, стратегот на Шкупи Гоце Седлоски и официјално го објави стартниот состав. Да потсетиме дека во Скопје, на првиот дуел од овој двомеч, резултатот беше 3:0 за чаирчани, значи тие се со една нога веќе во второто квалификациско коло. Ќе треба да одиграат само како што знаат и умеат.
Формацијата е… 4-3-3. На голот е Наумовски, во одбраната се Брдаровски, Абдула, Сенгор и Шеји. Во средниот ред се Алварез, Зкатков и Куевен, и во нападот Адетунџи, Данфа и Реналдо. Значи за разлика од првиот меч во Скопје сега стартери се Златков и Абдула.
Да се надеваме дека нашиот шампион ќе одигра уште едни одлични 90 минути и дека ќе избори пласман во следната фаза каде што ќе ги одмери силите со Динамо Загреб.