Македонскиот првак тимот на Шкупи, во моментов го игра реваншот од првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите против тимот на Линколн од Гибралтар, првиот дуел во Скопје заврши 3:0.
Сепак, реваншот не оди така како што посакуваме, барем засега, затоа што Шкупи на полувреме губи 1:0, и тоа со гол постигнат од страна на Хуанфри. По еден изведен корнер, домашните искористија мешаница, во која Наумовски најпрво добро интервенираше на еден удар од работ на шеснаесетникот, но на одбиената топка реагираше токму Хуанфри и заби за водство на домашните.
Шкупи има уште доволно предност од првиот меч, па да се надеваме дека во вториот дел чаирчани ќе заиграат далеку подобро и дека нема да се случи целосен шок.