Скандал во Италија, Раиола и Таре го тужат РАИ

458

Контроверзниот фудбалски агент Мино Раиола, и спортскиот директор на Лацио, Игли Таре ќе ја тужат националната телевизија РАИ односно нејзината истражувачка секција за клевета.

Имено, објавен е прилог во кој е снимена канцеларијата на седиштетот на комапнијата на Мино Раиола на Малта, која е тотално празна и за која се вели дека постои само поради фактот што оваа земја е даночен рај за ликовите како Раиола.

„Срамота е за државната телевизија да користи државни пари за да произведува лажни вести. РАИ мора да гарантира сериозно новинарство, а наместо тоа, испраќа новинари на Малта кои изнесуваат лажни тврдења и не се во можност да ја пронајдат ниту вистинската адреса на мојата канцеларија во земјата. Оваа „грешка“ е непростлива, бидејќи фрла сенка врз мојата репутација. Моите адвокати веќе започнаа правни активности против програмата Репортажа и се надевам дека ќе бидат преземени мерки против овој новинар“, го објасни својот став Рајола.

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, исто така беше вклучен скандал откако телевизијата објави дека тој поседува удел во албанската обложувалница „Топ Баст“, ​​што беше потврдено од весникот „Ла Република“. Таре исто така потврди дека започнал правна постапка во кој сака овој прилог да биде симнат од етерот, бидејќи „се базира врз целосно неосновани теории“.

ПретходноБензема принудно заменет, Франција чека вести за повредата
СледноЧонси Билапс ќе биде новиот тренер на Портланд?