Надежите дека летово ќе се пресели во Јувентус го натераа младиот напаѓач на Рома, Николо Заниоло да одбие да тренира со клубот, додека не биде продаден.
Денеска „волчицата“ заминаа на камп во Португалија, но претходно имаше тренинг. Офанзивниот играч за врска побарал од стручниот штаб да не учествува на него, иако нема информации дека е повреден.
Рома за него бара 50 милиони евра, што сепак не е сума која Јувентус во моментов сака да ја плати за него.