Откако една полусезона помина во дресот на Фероникели, македонскиот фудбалски интернационалец Марко Симоновски ќе ја промени средината, но ќе остане во Косово.
Според извори на Спортмедиа, Симоновски е пред договор со екипата на Дрита од Гњилане, каде како тренер е нашиот стратег, Ардијан Нухиу.
Симоновски оваа сезона на 20 меча за Фероникели постигна 12 гола, а имаше и една асистенција.