Од Шалке со порака: Жалиме, но немаме пари за Чурлинов!

964

Иако се чини дека се е готово, дека нема ништо од останувањето на Дарко Чурлинов во Шалке, а како и би имало ако се знае дека Македонецот веќе почна со тренинзи со својот Штутгарт, а дава и голови на пријателските, но сепак во Шалке како да не можат да го заборават.

Да, Дарко минатата сезона како позајмен играч на „швабите“ ги воодушеи сите во клубот од Гелзенкирхен, тие го посакуваат во своите редови, но проблем се парите.

Имено Штутгарт побара 3 милиони евра за него, а Шалке ја одби таа можност.

И во текот на денешниот ден се појавија изјави во медиумите во Германија за тоа зошто Чурлинов не може да остане во Шалке, односно зошто тој клуб не го откупи Македонецот.

За ова свој коментар, одново и по којзнае кој пат во изминатите неколку недели, говореше директорот на Шалке, Рувен Шредер.

Повеќе од јасна е позицијата на Шалке во врска со Дарко Чурлинов. Ние сакаме тој да игра за нашиот тим, но видете, Шалке нема пари за него. Едноставно Шалке нема буџет со кој би откупил Македонецот. Се надевам дека во блиска иднина работите ќе се променат“ посочи Шредер.

ПретходноАнчелоти има интересен план за Азар: Би можел како класичен напаѓач!
СледноИОК: Русите и Белорусите нема да учествуваат ниту на ЛОИ во Париз 2024