Кристијан Ериксен и официјално е нов член на Манчестер Јунајтед. Данецот кој имаше и тоа какви здравствени проблеми на ЕП минатата година, од денеска е нов фудбалер на Јунајтед. Ова во текот на попаднево го објави самиот клуб од “Олд Трафорд“ на своите социјални мрежи. Кристијан Ериксен е ЦРВЕН, потврдувајќи дека е постигнат договор со фудбалерот кој претходно играше и за Тотенхем, Интер, Брентфорд…
Тој доаѓа како слободен играч, а потпиша договор на три годони.
Се чини дека продолжува бајката на Данецот по сите оние немили настани од минатата година.
Christian Eriksen is a RED! ✍️🔴#MUFC || @ChrisEriksen8
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2022