Елена Рибакина, родена во Москва, се разбира Русинка по род, беше сензационалната победничка на Вимблдон. И се разбира Русите веднаш побрзаа да кажат дека тие го освоиле најелитниот тениски турнир во светот, и беа горди ако се знае дека токму на Вимблдон им беше забрането да се натпреваруваат, а се знае и зошто.
Откако стана вест број 1 во светот на спортот, Рибакина постојано ја прашуваа – што е, Русинка или државјанин на Казахстан?
Откако се врати дома, во Казахстан, таа на пресот направи нешто, односно направи потег кој некого многу ќе го боли. Имено таа ги извади пасошот и личната карта на Казахстан и стави јасно до знаење што е.
Треба да се знае дека она е благодарна на Казахстан ако се знае дека токму таа земја и овозможи најдобри услови, пред се финансиски, да стане тоа што е сега. Русите имаа шанса, таа е родена во Москва, почна да тренира таму, во својата родена земја, но тие не знаеја што треба да направат.
Па затоа, можеби е Русинка, ама сите титули, па и оваа во Вимблдон, ќе се водат дека ги освоила тенисерката од Казахстан.
Се друго е само удирање во гради.