Кулибали го облече дресот на Челзи и испрати порака до фановите на Наполи

1741

Одбранбениот фудбалер Калиду Кулибали го комплетираше трансферот во Челзи вреден 40 милиони евра. Сенегалецот го напушти Наполи по осум години и одлучи да почне нова авантура и тоа во Премиер лигата како бек на Челзи.
„Сините“ од Лондон веќе го потврдија трансферот, а 31-годишниот фудбалер се обрати до навивачите на Наполи.
Дојдов во Наполи на 1 јуни 2014 година како срамежливо момче но со амбиција да му покажам на светот дека можам да успеам. Победи, порази, радости, разочарувања. Искусив многу работи, емоции, невозможно е да ги сумирам, но чувам се во умот и во срцето.
Моите синови се родени во Неапол. Запознав луѓе кои засекогаш ќе бидат дел од мојот живот. Ти благодарам Наполи што ме направи маж кој што сум денес. Им се заблагодарувам на претседателот, тренерите, соиграчите и сите луѓе со кои работев во клубот во изминатите години.
Посебен поздрав до навивачите на Наполи како и до граѓаните за љубовта која ми ја дадоа“, напиша Кулибали кој го напушти Наполи со 317 натпревари во сите турнири.

ПретходноБаерн попушти, Барселона го купи и Левандовски!
СледноМонако се пофали со супер зделка – го купи Емболо од Менхенгладбах