Аргентинскиот „месар“ денеска потпишува за Манчестер Јунајтед!

568

Нов фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе биде Лисандро Мартинез чиј трансфер од Ајакс е договорен за околу 50 милиони евра. Играчот за врска беше голема желба на новиот тренер Ерик тен Хаг кого го тренираше во Ајакс во претходните години и добро ги знае неговите квалитети.
Лисандро ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува 120.000 фунти неделно.
Јунајтед добива фантастичен креативец во средниот ред. Иако е низок, Лисандро е вистинска машина, а во Ајакс го добил прекарот „месар“ поради начинот на кој игра. Меѓутоа Лисандо неколку пати потврди дека не сакаат да го викаат така туку подраг му е прекарот „Питбул“.
Инаку пред Ајакс, Лисандро играл за екипите на Дефенса и Њуелс Олд Бојс.

ПретходноМонако се пофали со супер зделка – го купи Емболо од Менхенгладбах
СледноУЕФА го „заклучи“ стадионот на Лехија поради испадот на хулиганите на мечот со „Пандевци“