Грчкиот суперлигаш Арис од Солун се пофали со големо име во своите редови, а тоа е некогашниот напаѓач на Рома и Арсенал Жервињо. Клубот од Солун претходно го донесе Андер Греј од Вотфорд, а сега и Жервињо кој се согласи да го облече „жолто-црниот“ дрес на солунскиот клуб. Тој доаѓа како слободен фудбалер откако си замина од Трабзон за кои одигра девет натпревари и постигна девет голови и му се брои титулата во турското првенство.
Жервињо има и 88 настапи за БС Коска, а играше уште за Беверен, Ле Ман, Лил, кинески Хебеи, Парма.