Дибиров дефинитивно заминува во Загреб

721

Нема повеќе дилеми, иконата на РК Вардар, Тимур Дибиров по години минати во „црвено – црниот“ дрес заминува од Скопје и се сели во Хрватска, каде што ќе настапува за тимот на ППД Загреб.

Дибиров заминува во клуб кој реално во моментов го има на своја страна за разлика од Вардар суштинското за следната сезона, а тоа е играњето во Лигата на Шампионите. Тој и Стоилов беа преостанатите од онаа фантастична генерација на Вардар која жареше и палеше низ Европа и која успеа да освои покрај другото и две титули во Лигата на Шампионите.

Дибиров со Вардар освои и  седум титули во Македонија и седум трофеи во Купот, како и три трофеи во Супер Купот, како и четири титули во регионалната СЕХА лигата.

ПретходноСалихамиџиќ ги олади фановите: Нема да го донесеме Роналдо во Баерн
СледноКоцев второ официјално засилување на Победа