Коцев второ официјално засилување на Победа

618

По промоцијата на Тоше Делов, денеска тимот на Победа го промовираше и Христијан Коцев како второ засилување за претстојната сезона.
Левиот бек, кој доаѓа од тимот на Македонија ЃП, ја мина целата младинска школа на тимот на Работнички, а потоа настапуваше и за Осогово, Кораби и Љубанци. Добива шанса во прволигашката конкуренција, и ќе биде од голема помош за прилепчани во следната ПМФЛ сезона.

Победа веќе го одигра и првиот пријателски меч летово, одигра 0:0 против Работнички во Скопје, а веќе в среда ќе спарингува со тимот на Приштина во Маврово.

 

ПретходноДибиров дефинитивно заминува во Загреб
СледноАрсенал добар против Евертон, Челзи рутински против Америка (ВИДЕО)