Шкупи утре „лета“ за Загреб, во вторник на мегдан со Динамо!

194

Македонскиот шампион во вторник, со почеток од 21 часот на “Максимир“ се среќава со Динамо Загреб, во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Мегдан за мерак што би се рекло. Седлоски против “својот“ Динамо, чаирчани против Адеми и Ристовски. Уште ако во вторник резултатот биде според посакувањата, тогаш јасно е дека на 26 јули на Арената во Скопје, во реваншот, тоа ќе биде спектакл.

Сепак, реално Динамо е голем фаворит, но исто така јасно е дека четата на Седлоски нема сигурно предвреме да се предаде. Фудбал е тоа, се е можно, тоа го рече пред некој ден самиот стратег на нашиот шампион.

Да, Динамо е најголемиот, најсилниот клуб на Балканот, но на овие мечеви нема што да се загуби, посебно ако се знае дека Шкупи ќе игра растоварено.

Шкупи си ја оствари целта, ќе игра најмалку во плеј – офот во Лига Конференции, а утре ќе се знае, по ждрепката во Нион, кој ќе биде ривал во третата квалификациска рунда во ЛШ или ЛЕ.

Инаку експедицијата на Шкупи утре “лета“ за Загреб, со оглед на блискоста сега нема да има проблеми со патувањето и престојот како што беше тоа случај со патувањето на Гибралтар. Утревечер следува тренингот на “Максимир“ и пресот, а добра вест е тоа што Гаги Маргвелашвили се враќа по одлежаната суспензија и тоа што Седлоски ќе може да смета најверојатно на Хамиди и Данфа.

ПретходноНеверојатно: Златан со новиот договор со Милан ќе зема “само“ еден милион евра годишно!!!
СледноСерафимов: Уживам кога играм за Македонија!