Аргентина остана без победа и во Колумбија, Бразил на крилата на Нејмар (ВИДЕО)

412

Аргентина направи уште еден пропуст на патот до Светското првенство во 2022 година, откако на гостувањето кај Колумбија одиграа само 2:2. „Гаучосите“ одлично го започнаа натпреварот и до осмата минута веќе водеа со 2:0. Прво, Кристијан Ромеро ја доведе својата репрезентација во предност во 3-та минута, а пет минути подоцна Паредес зголеми на 2:0.

Аргентина продолжи да игра добро, но во второто полувреме работите како да се променија од корен.

Во 51 минута Луис Муриел намали на 2:1, а во четвртата минута од дополнителното време, Борха успеа да извади бод за домаќините.

Во останатите ноќешни дуели, Бразил со 2:0 славеше кај Парагвај со головите на Нејмар и Пакета, додека Уругвај одигра без голови на гостувањето кај Венецуела. Без победник заврши и дуелот во Чиле, каде Боливија извади реми од 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноФиладелфија израмни против Атланта, „Џезерите“ поведоа против Клиперс (ВИДЕО)
СледноСитуацијата се усложнува: И Шпанија пријави втор фудбалер позитивен на Ковид-19