Вчера во вечерните часови во Букурешт допатува и украинската делегација која ќе биде дел од групата „Ц“ на Еуро 2020. Украинците пристигна во Букурешт за натпреварите од Европското првенство и според информацијата, тие синоќа се сместиле во северниот дел од градот во хотелот „Каро“ кој има четири ѕвездички.
Интересно е што украинската делегација тренинг-кампот ќе го има во Букурешт, но тренинзите ќе ги одржува на стадионот на Волунтари „Ангел Јордонеску“ кој се наоѓа на 12 километри од Букурешт, а кој си го изнајмиле и за кој веќе платиле.
фото: GSP.ro